судилиште | ср.
Државен орган што разгледува спорови и носи пресуди; суд. Кавгатата меѓу соседите стигна до судилиште.
судир | м.
Силен удар на две или повеќе тела, предмети меѓу себе. Директен судир на две возила со смртни последици за возачот. Судир на два воза.
судира се | несв.
судија | м.
Службено лице во суд што суди и донесува пресуда. Истражен судија. Врховен судија. Уставен судија.
судница | ж.
Сала, просторија во којашто се суди. Обвинетиот го внесоа во судницата.
судри се | св.
Се удри во некого или во нешто при движење. Се судриле автобус и камион. Влегувајќи во училиштето се судри со едно девојче. Денеска се судриле две товарни возила.
судство | ср.
Севкупна дејност на судовите и на правосудната служба.
суеверен | прид.
Што верува во натприродни сили; празноверен. Суеверен човек.
суеверец | м.
Тој што е суеверен; празноверен. Се појавија многу суеверци во последно време.
суеверие | ср.
Верување во натприродни сили и во нивната моќ; Суеверието кај неа влијаеше на многу нејзини одлуки. Суеверието е осудено од црквата