сантиметар | м.

Стоти дел од метарот. Петнаесет сантиметри. Неколку сантиметри.

Сантијаго | м.

Главен град на Чиле.

Санто Доминго | м.

Главен град на Доминиканска Република.

сантрач | м.

Вид ограда околу бунар, гроб и сл. Се потпре на сантрачот околу бунарот.

санџак | м.

Административна единица во времето на турското владеење; округ. Битолскиот санџак.

Санџак | м.

Област во Србија.

санџактар | м.

Знаменосец; бајрактар.

Сао Паоло | ср.

Град во Бразил.

сап | м.

Дршка, рачка на секира, лопата и сл.

сапи | и.

Задниот дел над нозете кај некои четириножни животни. Мускулести сапи. Сапи на коњ.