султана | ж.
Жена на султан.
султанија | ж.
султана. Сега нашиот калиф има нова султанија.
султанина | ж.
Вид бело десертно грозје со валчесто издолжено зрно со една семка. Султанина е најважна и основна сорта за производство на суво грозје.
султанов | прид.
Што му припаѓа на султан. Султанова ќерка. Султанов војник.
сулумен | м.
Силен живин отров.
сулфамид | м.
Вид лекарство со антибактериски својства.
сулфат | м.
Сол на сулфурната киселина.
сулфато | ср.
сулфид | м.
Соединение на сулфур со друг хемиски елемент, особено со метал. Калциум сулфид. Олово сулфид.
сулфит | м.
Сол на сулфурестата киселина. Натриумов сулфит.