сумален | прид.
За човек ‒ што е мал, ситен по раст.
сумалочен | прид.
сумарен | прид.
Што е добиен како сума, како резултат од собирање. Сумарен резултат.
сумарум | прид.
Само во изразот: сума сумарум.
Суматра | ж.
Остров во Индонезија.
Сумер | м.
Припадник на древен народ во Месопотамија.
суми | св.
Намисли нешто; науми Децата сумиле да играат криенка.
сумира | св. и несв.
Собере, собира, пресмета, пресметува. Наставникот ги сумира бодовите од секој тест и пишува оценка.
сумти | несв.
Испушта звук при дишење на нос.
суна | и.
Кај муслиманите ‒ верски и правни постапки, сфаќања и препораки на Мухамед што се зачувале како преданија и што имаат еднаква сила на задолжително учење на Коранот.