сунѓерлија | прид.

Сунѓерест.

сунѓерче | ср.

Дем. од сунѓер.

суп | и.

Голема мршојадна птица со долг врат прекриен со ситни бели пердувчиња; Gyps fulvus.

супа | ж.

Течно јадење од варено месо, разновиден заленчук, тестенини и зачин. Пилешка супа. Посна супа. Супа од домати. Супа од карфиол. Тестенина за супа.

супен | прид.

Обично во изразот: супена лажица ‒

супер- | претс.

Како прв дел од сложени зборови што значи дека е главно, врвно, во највисок степен изразено тоа што е означено во вториот дел (суперкомисија, суперлуксузен, супервизија, супермодерен, суперревизија).

супер! | изв.

За изразување на огромно задоволство. Супер, ќе одиме на екскурзија!

супер | прид.

Многу добар, одличен, прекрасен. Добивме супер препорака. Тоа беше супер приредба.

супериорен | прид.

Што е надмоќен, поистакнат по вредност, способност, по некои особини во однос на друг или на други. Супериорен натпреварувач. Супериорна држава. Супериорно однесување.

суперкомисија | ж.

Комисија од највисок ранг, што има најголеми надлежности.