суперлатив | м.

Степен во споредувањето кај придавките за означување особина или својство изразени во најголема мера во однос на тоа со кое се споредува.

суперлативен | прид.

Што се засновува на суперлатив, што содржи суперлатив. Суперлативен исказ. Суперлативно значење.

суперлуксузен | прид.

Премногу луксузен. Суперлуксузен апартман. Суперлуксузни хотели.

супермаркет | м.

Голем маркет со богат избор на прехранбени и друг вид производи.

супермен | м.

Човек што со својата исклучителна храброст и други добри особини ги надминува обичните луѓе.

супермодерен | прид.

Што одговара на најнова мода, најмодерен. Супермодерен стил.

супероксид | м.

Степен на оксидација на еден метал што содржи повеќе кислород одошто базата, а помалку одошто киселината на тој метал.

суперпродукција | ж.

Преголема продукција. Суперпродукција на книги.

суперревизија | ж.

Повторна ревизија од членови со повисока надлежност.

суперсила | ж.

Држава што се вбројува меѓу најсилните, највлијателните во светот; велесила.