сунатица | ж.
Вид земја што се лизга.
сунет | м.
Муслимански обред на обрежување.
сунетиса | св.
Изврши сунет.
сунетлија | м.
Тој што врши сунет.
сунизам | м.
Правец во шеријатското право според кој единствено Мухамед можел автентично и непогрешливо да го толкува Коранот.
сунизок | прид.
За човек ‒ што е со потпросечен раст, со низок раст.
сунит | м.
Приврзаник на сунизмот.
сунѓер | м.
(зоол.) Повеќеклеточно морско животно со порозно тело прицврстено за морското дно во форма на растение; Spongia officinale.
сунѓерест | прид.
Што личи на сунѓер, што е шупликав, што впива течност. Сунѓерест речен камен. Сунѓереста маса.
сунѓерлив | прид.