суперсоничен | прид.
Што се движи со поголема брзина од брзината на звукот во иста средина. Суперсоничен авион.
суперфосфат | м.
Вештачко ѓубре добиено од природни фосфати.
суперфосфатен | прид.
Што содржи суперфосфат. Суперфосфатно ѓубре.
супкултура | ж.
Културно-општествени пројави на одделни слоеви или генерации на општеството што се јавуваат покрај официјално прифатената и традицонално насочена култура.
суплент | м.
Почетно звање на средношколски професор кој сè уште не е назначен за професор.
суправа | несв.
суправа | ж.
Ред, среденост во куќа.
суправи | св.
Намести куќа според определен ред, потреба, уреди, спастри, среди; суреди.
супрашка | ж.
Вжештена, врела пепел со жар.
супстандард | м.
Тоа што не е сообразено, што не одговара на стандардот.