супстандарден | прид.

Што се однесува на супстандард.

супстантив | м.

Именка; каков било збор или зборовен состав што се употребува како еквивалент на именка.

супстантивен | прид.

Што се однесува на супстантив, именски.

супстантивизација | ж.

Супстантивизирање, поименчување.

супстантивизира | св. и несв.

Поименчи, поименчува.

супстантивира | св. и несв.

супстанција | ж.

Основа на нешто, јадро, содржина, суштина.

супстанцијален | прид.

Што е основен, главен; битен, суштествен. Супстанцијален проблем. Супстанцијално прашање.

супституира | св. и несв.

Замени, заменува.

супститут | м.

Тоа што е приближно исто со нешто друго и може да го замени.