супституција | ж.

Замена, заменување.

супстрат | м.

(филоз.) Единствена материјална основа на различните појави или процеси.

супстратен | прид.

Што се однесува на супстрат. Супстратен слој.

суптилен | прид.

Префинет, нежен, истанчен. Суптилен тон. Суптилен прелив на боја. Суптилни разлики.

суптропи | и.

Области на Земјината топка што се простираат близу тропите, меѓу тропскиот и умерениот појас.

сур | прид.

Што има боја на пепел, пепелав, сивкав. Сур клашненик. Сура волна. Суро магаре.

сурат | м.

Образ, лице.

сургун | м.

Прогонство.

сургуниса | св.

Прогони, протера.

сурдина | ж.

Придушувач на музички инструмент.