сурдиса | св.
Прогони, протера.
суреди | св.
Доведувајќи во ред, средувајќи нешто му даде убав изглед. Домаќинката ја суреди кујната и легна да одмори. Девојчето ја суредила облеката во плакарите.
сурива | несв.
Се движи удолу, слегува, се спушта.
Суринам | м.
Холандска територија во Јужна Америка.
сурија | ж.
Големо стадо, крдо. Сурија говеда.
сурка | ж.
Име за женка со сура боја кај домашните животни (овца, коза, крава и сл.)
сурла | ж.
Издолжен мускулест и свитлив орган за мирис, за дишење и за внесување храна кај животните, обично кај слонот.
сурлари | и.
Изумрени и живи видови цицачи што имаат сурла.
сурлаџија | м.
Свирач на сурла; зурлаџија.
сурлест | прид.
Што има форма на сурла, што личи на сурла. Сурлест нос.