сарајлија | ж.

Вид вртено печиво од киснато тесто. Топли сарајлии.

сарајски | прид.

Што се однесува на сарај, што припаѓа на сарај. Сарајски цветни градини.

сараџа | ж.

(арх.) Заразна болест кај коњите, еден вид сакагија. Коњите фатија сараџа.

сараџица | ж.

Вид лековито растение; Polygonatum multiflorum. Маст од сараџица.

сараџлив | прид.

Што има, што е со сараџа. Сараџливи раце.

саргија | ж.

Груба, цврста ткаенина за вреќи, за покривање и за пакување стоки. Торбата ја стави во аголот и ја покри со саргија.

сардела | ж.

(бот.) Вид саксиско растение со цветови во разни бои; Црвена сардела. Саксии со сардели. Ги пресади сарделите.

сардина | ж.

Вид ситна морска риба; Sardina pilcharelus. Конзервирани сардини. Кутија со сардини.

сардинен | прид.

Што е од сардини; што е со сардини. Сардинена салата. Сардинени конзерви.

сардиса | св.

(арх.) Постави опсада на некое место. Војската го сардиса градот. За миг ја сардисаа куќата. Тука беше крајот, четата беше сардисана.