сардоникс | м.
Минерал со правилно распоредени линии во темноцрвена и бела боја. Ѓердан од сардоникс.
сардоничен | прид.
Што е злобен, зајадлив; саркастичен. Сардоничен поглед. Сардонична насмевка.
сардонски | прид.
Злобен, зајадлив; саркастичен.
сари | ср.
Женска традиционална облека во Индија, убаво изработено платно обвиткано околу телото на специфичен начин, со еден дел префрлен преку рамо или преку глава. Црвено сари. Сари со раскошни украси.
сарикана | ж.
Смеса за отстранување на влакната од телото.
сарказам | м.
Остро потсмевање, подбив; силна иронија. Нечовечен сарказам. Скриен сарказам.
саркастичен | прид.
Што изразува, што содржи во себе сарка Саркастичен призвук. Саркастична насмевка. Саркастични шеги.
саркастички | прид.
сарком(а) | м.
Малиген тумор; рак со лоши прогнози.
саркофаг | м.
Мртовечки ковчег од камен кај древните народи. Римски саркофаг. Раскошен саркофаг. Саркофази полни со злато.