сарма | ж.

Вид традиционално јадење од ориз и мелено месо завиткано во листови од зелка, лоза, штавеј и сл. Посна сарма. Сарма од стасана зелка.

сармаџија | м.

Тој што сака да јаде сарма. Тој е голем сармаџија.

сарош | м.

Пијаница, бекрија; боем.

саска | несв.

Поттикнува со звук што потсетува на продолжено „с“, дразни (куче) да нападне. Го саскаше кучето.

саскав | прид.

Што личи на саскање. Саскаво дишење.

саскот | м.

Звук на саскање. Метален саскот. Саскот од животно.

сат | м.

сатана | м.

(рел.) Според религиозните верувања, натприродно суштество што што ги наведува луѓето на грев, на лоши дела и владее со пеколот, олицетворение на зол дух; ѓавол, враг. Сатаната влегла во него.

сатанизам | м.

Обожување на ѓаволот.

сатанизира | св. и несв.

Прикаже, прикажува некого или нешто како сатана, оцрни, оцрнува до крајност. Го сатанизира својот противник за полесно да го победи на изборите.