сафари | ср.
Странска истражувачка или ловечка експедиција во Африка во која учествува домородното население како носачи на товар и оружје.
сафи | прид.
Што е чист, јасен, вистински. Сафи злато. Сафи ќеф.
сафир | м.
Вид скапоцен камен со сина боја што се прелева; алуминиумов оксид.
сафирен | прид.
Што е од сафири; што е со сафири. Сафирен прстен. Сафирни обетки.
сафијан | м.
Фино обработена овча или козја кожа.
сафра | ж.
Мака, тегоба; несвестица. Го фати сафра. Му се кренаа сафрите.
сафт | м.
Каша, сос. Ќофте во сафт.
сафтен | прид.
Што се однесува на сафт.
сафтијан | м.
Сахалин | м.
Руски остров во Тихиот Океан.