сатиричар | м.

Писател, автор на сатири. Познат сатиричар. Талент на сатиричар.

сатиричен | прид.

Што се изразува, што содржи во себе сатира. Сатирична приказна. Сатирични стихови. Сатиричен призвук. Сатиричен јазик.

сатисфакција | ж.

(истор.) Чин на задоволување за навреда на честа и достоинството преку повикување на двобој кај благородниците во феудалното општество.

сатрап | м.

(истор.) Владетел на покраина во Стара Персија.

Саудиска Арабија | ж.

Држава на Арабискиот Полуостров, Азија.

Саун Томе и Принсип | ср.

Островска држава во Гвинејскиот Залив, Африка.

сауна | ж.

Вид финска парна бања. Хотелот имаше сауна.

сафа | ж.

Сад за вода. Држеше сафа во растреперената рака.