Сахара | ж.
Пустина во Северна Африка.
сахарин | м.
Бел кристален прашок многу посладок од обичниот шеќер.
сахароза | ж.
Природен шеќер во растенијата шеќерна репа и шеќерна трска.
сач | м.
Метална, кована поклопка што се става врз подница, тепсија во која се пече леб, зелник и др.; вршник. Погача под сач.
сачица | ж.
сачка | ж.
Прачка, стапче. Сува сачка. Запалени сачки. Сачки за потпалување оган.
сачма | ж.
Ситни оловни топчиња, муниција за ловечка пушка. Издупчена од сачми. Ја полнеше двоцевката со сачми.
сачмарка | ж.
Вид пушка што како муниција користи сачми.
сачмен | прид.
Што се однесува на сачма.
саштиса | св.
Збуни, вознемири, изненади некого. Неочекуваното писмо ја саштиса. Со приказната ги саштиса сите околу себе.