саѓа | ж.
Црн прав што се ослободува при непотполно согорување. Мирисаше на саѓи. Рацете му беа црни од саѓи.
саѓав | прид.
Што е извалкан со саѓи; што е исполнет со саѓи. Саѓав котел. Саѓави раце.
саѓере | прил.
саѓест | прид.
Што има особини на саѓи, што личи на саѓи; саѓав. Саѓеста светлина. Саѓести дупки.
саѓинка | ж.
Овца или крава што има темна боја, со боја на кожата слична на саѓи.
саѓоса | св.
Извалка, покрие со саѓи. Лицето му се издолжи, очите му саѓосаа.
саја | ж.
Вид дебела чоја.
сајбија | м.
Сопственик; господар. Тој е сајбија на нивата. Куче без сајбија.
сајгилак | и.
Почитување, уважување.
сајдиса | св.
Уважи, одобри. Сајдисаа некое време детето да остане кај нив. Тој не го сајдиса студот и продолжи.