сајла | ж.
Челично јаже. Сајлата на лифтот се расипа. Ги одзатнуваа цевките со дебели челични сајли.
сајмиште | ср.
Место каде што се одржува саем. Промоцијата ќе се одржи на сајмиштето.
сања | ж.
санка.
саќе | ср.
Правилни, симетрично распоредени клетки од восок што ги прават пчелите за складирање на медот и за положување јајца. Мед со саќе. Подвижно саќе претставуваат специјалните рамки. Медните клетки пчелите ги изработуваат во горниот дел од саќето.
саџаде | ср.
саџак | м.
Метален триножник на огниште врз кој се става сад за готвење;
свадба | ж.
Семејна прослава, свеченост по повод венчавање, стапување во брак. Селска свадба. Скромна свадба. Свадба со многу гости. Покана за свадба. Прави свадба. Си спомнуваше за својата свадба.
свадбар | м.
Гостин на свадба; сват. Весели свадбари. Музика за свадбарите. Дворот беше полн со свадбари.
свадбарина | ж.
Давачка, такса што се плаќа за венчавање.
свадбен | прид.
Што се однесува на свадба. Свадбен фустан. Свадбено патување. Свадбени обичаи.