сватовен | прид.

Што се однесува на сват; сватовски.

сватовство | ср.

Пријателство стекнато преку женидба, мажачка. Сватовството го расипаа многу брзо.

сватовштина | ж.

Тие што се во сватовска врска; сватови.

сватоса се | св.

Стане сват, еден на друг, меѓусебно при женидба, односно мажачка; се. Се сватосаа со првите соседи.

сватува | несв.

Учествува на свадба во својство на сват. Сватовите сватуваа по дворовите.

сваќа | ж.

Жена на сват; жена во својство на сват.

сведбина | ж.

Светлина.

сведе | св.

Спушти, наведне. Таа го сведе погледот. Не рече ништо, само ја сведе главата.

сведен | м.

Ден што се празнува; празник, слава. Селски сведен. Го празнуваат сведенот. Благослов за сведенот. Цела недела се големи сведни.