свадбува | несв.

Прави свадба. Наши блиски роднини в недела свадбуваат.

Свазиленд | м.

Држава во Африка.

свалка | св.

Со тркалање придвижи, премести; истркала;

свампири се | св.

Стане вампир; се повампири. Некои веруваа дека мртовецот може да се свампири.

свампироса се | св.

Стане вампир; се.

свари | св.

Зготви храна во вода со варење. Свари компири. – Свари јајца за појадок!

сварлив | прид.

Што може да се свари. Тешко сварлива храна. Овој грав е лесно сварлив. Несварливо месо.

сват | м.

Сродство на родителите чии деца стапиле во брак. Сватовите ги пречекаа со музика.