сведение | ср.

Известување; податок.

сведнатост | ж.

Состојба на тој што е сведнат; искривеност.

сведне | св.

Спушти надолу, наведне. Сведна глава. Житото сведнало класови. Тагата ѝ ја сведна снагата.

сведок | м.

Тој што видел лично некаков настан, случување; очевидец. Сведок на трогателната средба. Сведок на тепачката.

сведочи | несв.

Информира, потврдува нешто како сведок. Сведочеа неколку сведоци на несреќата. Ќе сведочам дека таа е виновникот.

сведоштво | ср.

Потврда на сведок, очевидец, на некој што има информации. Лично сведоштво. Сведоштва на најблиските за неговата неверојатна упорност. Според сведоштвото на очевидецот, сè се случило многу брзо.

свеж | прид.

Што ги има своите природни својства; што не е обработен. Свеж ананас. Свежа риба. Свежо цвеќе.

свежина | ж.

Својство на тоа што е свежо. Утринска свежина. Пролетна свежина. Животна свежина. Свежина на детските очи.

свежост | ж.

Својство на тоа што е свежо; Пријатна свежост. Градите им се полнеа со свежост.