светулка | ж.
Вид инсект што свети во темно; Lampiris noctiluca. Рој светулки засветеа покрај патот, во полето. Огнот фрлаше ситни искри како разлетани светулки во ноќ.
светулка | несв.
Пушта, излачува треперлива светлина;
свечен | прид.
Што е наменет за специјален момент; што се одвива со специјална церемонија. Свечен фустан. Свечена сала. Свечен пречек. Свечена вечера.
свеченост | ж.
Особина, состојба на тоа што е свечено; свечен.
свечери (се) | св.
Стане темно, настапи ноќ; се стемни. Не забележаа кога (се) свечери. Се свечери и стана посвежо.
свечерум | прил.
Непосредно пред да настапи ноќ; квечерум. Пристигнаа свечерум.
свешник | м.
свештен | прид.
Што е поврзан со религиозен култ, што е со религиозно обележје. Свештено лице. Свештен оган. Свештени обреди.
свештеник | м.
Црковно звање во православната религија; поп. Млад свештеник. Селски свештеник. Литургијата ја држеа тројца свештеници.
свештенодејство | ср.
Вршење на црковен обред.