светлоцрвен | прид.
Што е со бледоцрвена боја. Бледоцрвена шамија.
светне | св.
Испушти, излачи светлина еднаш или повеќе пати краткотрајно. Сонцето силно светна неколку пати, но не се проби низ густите облаци. Светна месечината во ноќта. Фрлената цигара светна на плочникот.
светник | м.
Ламба на борина во вид на триножник.
световен | прид.
Што не е црковен, религиозен; граѓански. Световен живот. Световна содржина.
светоглед | м.
Севкупност од погледи и претстави за животот; поглед на светот, мироглед. Религиозен светоглед. Материјалистички светоглед.
светогорски | прид.
Што е од Света Гора. Светогорски манастир. Светогорски монах.
светол | прид.
Што испушта силна светлина; јасен, сјаен. Светло сонце. Светла месечина.
светост | ж.
При обраќање кон црковно лице од висок ранг. Ваша светост. Неговата светост Патријархот.
светрум | прил.
Брзо како ветар, одеднаш. Светрум почнаа да се шират болести меѓу луѓето и добитокот. Светрум есента помина и дојде зимата.
светски | прид.
Што се однесува на целиот свет или се простира на целата Земјина топка. Светска војна. Светска историја.