свештенодејствува | несв.

Врши, спроведува црковен обред. На литургијата свештенодејствуваше Архиепископот.

свештенство | ср.

Свештеничка служба. Тој се посвети на свештенството.

свеќа | ж.

Прачка од восок, лој или парафин низ која е провлечен фитил и којашто служи за осветлување. Бела свеќа. Миризлива свеќа. Запалени свеќи. Капеше восок од свеќата.

свеќар | м.

Тој што прави или што продава свеќи. Селски свеќар. Тој беше трговец и свеќар.

свеќарник | м.

Направа на којашто се палат свеќи.

свеќарница | ж.

Продавница, работилница за свеќи. Мала свеќарница. Свеќарницата беше до камбанаријата.

свеќарство | ср.

Професионална дејност на свеќар.

свеќичка | ж.

Дем. од свеќа.