сеалка | ж.
Земјоделска машина за сеење.
сеанса | ж.
Состанок, средба на која без прекин, активно се учествува. Имавме повеќе сеанси со живи разговори. Вечерна сеанса.
себап | м.
Добро дело, добродетелство. Направи го тој себап.
себаплија | прид.
Што прави добри дела.
себапчија | м.
Лице што прави добри дела.
себе | зам.
Го заменува секое лице во еднина и во множина. Си рекол сам со себе. Себе се видел како многу успешен човек.
себе- | претс.
Во сложенки означува дека тоа што значи вториот член се однесува на самиот себе, на пр.: себеафирмирање, себеизразување, себеистакнување и др.
себеафирмирање | ср.
Афирмирање на самиот себе, на себеси.
себеизразување | ср.
Изразување на сопствената личност, на сопствените ставови.
себеиспитување | ср.
Испитување на самиот себеси, на своите ставови, дејствување и сл.