сакана | прил.
Само во составот на сакана – по своја волја, намерно, свесно, сакајќи. На сакана задоцни за да не мора да се поздравува со сите.
саканик | м.
Љубовник; тој што се сака. Тој ѝ беше саканик.
сакаска | ж.
Вид тиква со долгнавеста форма.
сакат | прид.
Што е со повредена рака или нога. Сакат старец. Многумина од војната излегоа сакати.
сакати | несв.
Прави некој да биде сакат; повредува некому рака или нога. Ги сакатеа во нозете.
сакатник | м.
Сакат човек, маж. Не се знаеше што е подобро, да си умрен или да си сакатник.
сакање | ср.
Глаголска именка од сака.
саклет | м.
Мака, тешкотија; немир. Саклет му беше полна душата. Саклет го фати кога виде што се случило.
саклетиса (се) | св.
сакма | ж.
Долго машко палто, вид наметка за дожд. Тој ја остави сакмата и седна. Ги криеја пушките под сакмите.