таксен | прид.

Што се однесува на такса. Таксена марка.

такси | ср.

Услужно превозно средство, автомобил со кој се врши превоз на патници и прирачен багаж за определена цена.

такси- | претс.

Како прв дел од сложенка – што се однесува на такси: такси-возач, такси-превоз, такси-компанија.

таксидар | м.

Даночник.

таксим | м.

Централно место каде што нешто се дели, се распределува на еднакви делови.

таксиметар | м.

Контролен апарат во такси кој автоматски ги мери изминатите километри и сумата што треба да се плати.

таксира | св. и несв.

Утврди, утврдува, определи, определува такса.

таксират | м.

Несреќа, невола, беда. Ме остави со куп борџови, таков таксират ме најде. Ги зафатила паника од тешки неволи и таксирати.