таксиратлија | прид.
Несреќен.
таксист | м.
Возач на такси, такси-возач. Некое време работеше како таксист.
таксон | м.
Основна единица при класификација на видовите во таксономијата; таксономска единица. За еден таксон во народното именување на растенијата може да има повеќе називи.
таксономија | ж.
Наука, гранка на биологијата што се занимава со распознавање на видовите и нивното распоредување во систем на класификација;
таксува | несв.
таксувачка | ж.
такт | м.
(муз.) Основна ритмичка единица во музиката, танцот и сл.; метричка стапка. Мелодијата има седумосмински такт.
тактизира | несв.
Спроведува некаква тактика за постигнување на своите цели при некоја постапка преку избегнување на јасно и доследно изразување на своите ставови, мислења. Тој постојано тактизира во однос на тоа прашање.
тактика | ж.
(воен.) Теорија и вештина за организирање и водење воени дејства, метод и начин на војување. Дефанзивна тактика. Бригадата ја изучуваше тактиката на непријателот.
тактилен | прид.
Што се однесува на осетот за допир, на осетливоста, сензибилитетот. Тактилна осетливост.