тајмаут | м.

Кус прекин на играта во кошарка и одбојка што се дава по барање на тренерот.

тајна | ж.

а) Тоа што се таи, што се крие, нешто што не треба да се каже, што не смеат да го знаат другите. Таа не знае да чува тајна. Тие беа и пријатели кои си доверуваа тајни. Државна тајна. Воена тајна. б) Тоа што е непознато, неоткриено, необјаснето. Тајните на природата. Тајната на вселената. в) Тоа што е неопходно за совладување или достигнување на нешто. Која е тајната на неговиот успех.

тајно | прил.

На таен начин, потајно, кришум. Тој живееше тука тајно. Секоја вечер тајно се среќаваа во паркот.

тајновит | прид.

тајнопис | м.

Начин на пишување текст при што информацијата се кодира или се обработува со специјални хемикалии за да се зачува тајноста.

Тајпеј | м.

Главен град на Тајван.

тајум | прил.

тајфа | ж.

Група луѓе, најчесто мајстори, занаетчии кои работат заедно. Ѕидарска тајфа. Резбарска тајфа.

тајфун | м.

Локален назив за тропски циклон проследен со многу силен ветер во источна и југоисточна Азија; ураган.

так | м.

Билијардски стап.