топуз | м.

(арх.) Боздоган.

топузест | прид.

Што има форма на топуз.

топузлија | прид.

Топузест.

топук | м.

Потпетица на чевел. Мајсторски направен топук. Чевли со многу високи топуци.

топуска | ж.

(разг.) Игла со главичка што, обично, се користи при шиење за прицврстување, за спојување на рабови и сл.

топ-форма | ж.

Највисок степен на подготвеност. Тој е во топ-форма.

топче 1 | ср.

Црешово топче. Нашите топчиња припукаа.

топче 2 | ср.

Дем. од топ2.

топче 3 | ср.

Срмени топчиња. Оловни топчиња. Топче од гума. Топчиња мраз.

топчест | прид.

Што има форма на топка, тркалезен. Топчест цвет. Топчеста стаклена ваза. Топчести колачиња. топчија, Тој што ракува со топ, артилерец.