торакален | прид.
Што се однесува на тораксот. Торакална хирургија.
торакс | м.
Дел од трупот што се наоѓа меѓу вратот и дијафрагмата, граден кош.
торба | ж.
Сошиено ќесе од платно, кожа и сл., со отвор во горниот дел, со една или две рачки, во различна форма и големина и со различна намена. Кожена торба. Торба од платно. Патна торба. Ученичкa торба. Торба за на пазар. Војнички торби.
торбари | и.
Цицачи кои младите ги носат в торба додека цицаат; Marsupialia;
торбест | прид.
Што е во форма на торба. Торбести клунови.
Торбеш | м.
Назив за Македонците со исламска вероисповед.
тореадор | м.
Борец во традиционална борба со бикови (во Шпанија и во некои земји на Јужна Америка);
тореро | ср.
торзо | ср.
Телото на човекот без екстремитетите. Кратко торзо.
Торино | ср.
Град во Италија.