ториум | м.

Хемиски радиоактивен елемент, мек растеглив метал; симбол Th.

торлак | м.

Глуп, прост човек.

тормоз | м.

Измачување, угнетување, малтретирање.

тормози | несв.

Измачува некого, мачи, малтретира. Тој го распрашуваше и го тормозеше на секаков начин.

торнадо | ср.

Виорна бура придружена со инковидни облаци.

Торонто | ср.

Град во Канада.

торпеден | прид.

Што се однесува на торпедо. Торпеден механизам.

торпедира | св. и несв.

Нападне, напаѓа со торпедо.

торпедо | ср.

Подводно експлозивно оружје со сопствен погон наменето за разорување на бродови.

торпилер | м.

Мал и брз воен брод вооружен со торпеда, торпеден чамец.