торпилира | св. и несв.
торта | ж.
Вид десерт, направен од пандишпан, обично во тркалезна форма, во една или во неколку кори кои се филуваат најразлично (со млечни, овошни, чоколадни и друг вид кремови или преливи). Божиќна торта. Посна торта. Торти со чоколадо.
тортелини | и.
Исушено тесто во различни форми исполнето со сирење, зеленчук и сл.
тортилја | ж.
Вид шпански леб, мали, кружни и тенки лепчиња од пченкарно брашно.
тортура | ж.
Измачување, подложување на телесни и душевни маки. Психичка тортура. Време на тортура и безвластие. Грозни тортури.
тоска | ж.
Вид долга машка кошула, дел од македонската народна носија.
Тоска | м.
Припадник на албанско племе.
Тоскана | ж.
Област во Италија.
Тоскија | и.
Област во Албанија, населена со Тоски.
тост | м.
(кул.) Пресечено парче леб, потпечено од двете страни.