тостер | м.

Електрична направа со две плочи што се ставаат една врз друга, обично за правење тост.

тотал | ж.

Севкупност, целосност; тоталност, тоталитет.

тотален | прид.

Што вклучува сè, што опфаќа сè, целосен, сеопфатен. Тотален бојкот. Тотална социјализација. Тотално помрачување.

тотализатор | м.

Механички бројач на трки и натпревари.

тотализација | ж.

Сумирање, собирање.

тотализира | св. и несв.

Сумира, собере, собира.

тоталитарен | прид.

Што се засновува врз тоталитаризам, што ги прифаќа методите на тоталитаризмот, што ги ограничува демократските права и слободи на личноста, што е диктаторски. Тоталитарен режим. Тоталитарна држава. Тоталитарни идеи.

тоталитаризам | м.

Систем на владеење во кој државната власт во рацете на една партија ги контролира сите појави на јавниот и културниот живот, на стопанските и на политичките активности и, со воведување диктатура, спречува секаква приватна иницијатива и ја ограничува слободата на личноста и на јавниот збор.

тоталитарист | м.

Приврзаник на тоталитаризмот.

тоталитет | м.

Целосност, севкупност. Човечки тоталитет. Тоталитет на поетското искуство. Тоталитет на едно историско време.