тотем | м.
Свето животно, растение или предмет во верувањата кај примитивните заедници кое се почитува како родоначалник и ритуално се слави како божество. Племенски тотем. Индијански тотем.
тотемизам | м.
Култ, живот и обичаи според верувањата во тотеми.
тотемски | прид.
Што се однесува на тотем, што припаѓа на тотем. Тотемски род. Тотемско животно. Тотемска билка.
точак | м.
точач | м.
Тој што точи; острач, брусач.
точен 1 | прид.
Глаг. од точи1. Бокал точено вино.
точен 2 | прид.
Што е наточен, наострен, остар; Точен нож. Точена коса.
точен 3 | прид.
Што одговара на вистината, што соодведствува на тоа што го претставува. Точен податок. Точен превод. Точна претстава. Точни одговори.
точи 1 | несв.
За течност – лее, тура, полни сад за течност. Домаќинот ќе точи вино од бурето. Келнерот точи пиво во кригли.
точи 2 | несв.
Остри (нож, сечило и сл.), бруси. Татко ми со камен ги точеше ножевите.