тракатанец | м.
Мала и необична направа.
трака-трука! | изв.
За подражавање на продолжено тракање. Трака-трука, тропаше на вратата.
Тракиец | м.
Припадник на древно племе од Балканскиот Полуостров, жители на денешна Тракија.
Тракија | ж.
Област во Грција.
тракне | св.
Еднократно огласи трак;
тракот | м.
Продолжено огласување на звукот трак.
тракоти | несв.
Издава тракот. Колата тракотеше по калдрмата.
тракт | м.
(архит.) Крило на зграда; ходник по должината на крило на зграда.
трактат | м.
Поголем труд, теориска расправа што обемно, исцрпно обработува одредена тема, студија.
трактор | м.
Земјоделска машина со тркала или со гасеници која користи приклучни орудија за обработка на почвата и за влечење.