трае | несв.

Продолжува да суштествува, да постои, да се извршува определено време. Претставата ќе трае еден час. Конкурсот трае до крајот на месецот. Веселбата траела три дена.

траект | м.

Брод за превоз на патници, возила и стоки преку река, езеро, од пристаниште до пристаниште;

траектен | прид.

Што се однесува на траект, што се врши со траект.

траекторија | ж.

(физ.) Патот на движење на некое физичко тело.

траен | прид.

Што трае долго, долготраен, постојан. Траен спомен. Трајна благодарност. Трајни вредности.

траенката | прил.

Тајно, скришум, заткулисно. Работи траенката, ништо не кажува.

тражи | несв.

Бара.

трајна | ж.

Вид женска фризура, ондулација. Направи трајна за роденденот.

трак! | изв.

За подражавање звук при удар на два тврди предмети. Трак! вратата се затвори.