трактат | м.

Поголем труд, теориска расправа што обемно, исцрпно обработува одредена тема, студија.

трактор | м.

Земјоделска машина со тркала или со гасеници која користи приклучни орудија за обработка на почвата и за влечење.

тракторист | м.

Тој што управува со трактор.

трамбулина | ж.

Штица што служи за забрзување пред гимнастички скок и пред скок во вода.

трамвај | м.

Градско патничко превозно средство на електричен погон, со еден или неколку вагони, што се движи по шини.

трамвајџија | м.

Тој што управува со трамвај.

траминец | м.

(бот.) Сорта на винова лоза со бело грозје.

трампа | ж.

Размена на стока за стока без посредство на парични средства. Трговецот прифати откуп и со пари, и со злато, а и со трампа.

трампи | св. и несв.

Направи, прави трампа, размени, разменува стока за стока. Селаните од планинските села ги трампеа компирите за жито. Собираше тревки и корења и ги трампеше за сулфур. Тука има жито повеќе од песок, ќе трампиме за калинки, за смокви, за грозје.

транзистор | м.

Мал кристален полупроводник за потсилување на сигналот кај некои апарати (машини за сметање, апарат за слух и сл.).