транспарентен | прид.
Проѕирен, провиден, јасен.
трансплантат | м.
Орган или ткиво што се трансплантира.
трансплантација | ж.
Пресадување орган или ткиво од едно место на телото на друго или од едно лице на друго. Трансплантација на бубрег.
трансплантира | св. и несв.
Изврши, врши трансплантација.
транспозиција | ж.
Пренос, преместување, префрлување. Уметничка транспозиција. Транспозиција на поимот.
транспонира | св. и несв.
Пренесе, пренесува, премести, преместува. Атмосферата на суровата реалност писателот ја транспонира во својата прва книга. Елементите од македонскиот фолклор тој ги транспонира во нови идеи, ликови и слики.
транспорт | м.
Пренесување, превоз на патници и стока со помош на превозно средство. Авионски транспорт. Железнички транспорт. Транспорт на патници.Транспорт на метална руда. Транспорт на животни со бродови.
транспортен | прид.
Што служи за транспорт, што се однесува на транспорт. Транспортен центар. Транспортно средство. Транспортни трошоци.
транспортер | м.
(тех.) Направа за пренесување на товар во фабрика.
транспортира | св. и несв.
Изврши, врши транспорт, испраќа, праќа со транспорт. Повредените биле транспортирани до најблиската болница.