Трансилванија | ж.
Област во Романија.
транскрибира | св. и несв.
Направи, прави транскрипција.
транскрипција | ж.
(лингв.) а) Предавање на зборовите на еден јазик или дијалект со букви и специјални знаци, при што изговорот на гласовите се предава колку што е можно поточно како што се изговараат тие од говорителот. Македонска транскрипција. б) Препишување текст на едно писмо со друго; транслитерација. Транскрипција на текстови од минатиот век. Транскрипција на туѓите имиња.
транслација | ж.
Пренесување на говор, музика и сл. со посредство на радиостаница преку засилување на сигналот соодветно на зголемувањето на далечината.
транслитерација | ж.
Препишување текст напишан на писмото на еден јазик со замена на буквите со соодветни букви на писмото на друг јазик, при што не се зема предвид точниот изговор на гласовите.
транслитерира | св. и несв.
Изврши, врши транслитерација.
трансмисија | ж.
Пренесување, пренос. Усна трансмисија на народната поетска творба. Звучни трансмисии.
трансмисионен | прид.
трансмутација | ж.
Пренесување, преобразба, промена.
транспарент | м.
Распнато платно или хартија со парола, натпис или слика. На момчето му тутнаа транспарент в раце. Демонстрантите распнуваа транспаренти со пароли. На пречекот имаше букети цвеќе и транспаренти.