трансфигурација | ж.
Преобразба, видоизменување, менување на облик, форма. Трансфигурација на одделна случка во мит. Тој симбол доживува честа трансфигурација на значењето.
трансформатор | м.
Направа која го повишува или снижува напонот на наизменичната електрична струја; трафостаница.
трансформација | ж.
Претворање, преобразување, видоизменување. Квалитативна трансформација. Трансформација на поетскиот израз. Трансформација на образованието. Културни трансформации.
трансформира | св. и несв.
Преобрази, преобразува, претвори, претвора, видоизмени, видоизменува. Таа идеја поетот ја трансформира во нова авторска визија. Новиот контекст го трансформира и значењето на зборот.
трансфузија | ж.
Преточување на крв од еден организам во друг поради значителна загуба на крвта при повреда, тешко заболување, хируршки зафат и сл. Интензивна трансфузија. Апарат за трансфузија.
трансцендентален | прид.
Што е во свеста на човекот пред секое искуство, што е независен од искуството.
трансцендентен | прид.
Што ги минува границите на можното искуство.
трансценденција | ж.
Преминување на границите на искуството, преминување преку она што ги надминува сфаќањата на човекот, она што е надвор од границите на природниот свет.
трансцендира | св. и несв.
Премине, преминува преку границите на искуството, стане, станува натприроден.
транша | ж.
Дел од заем.