трап 1 | м.

Јама, длабока дупка, долг, тесен ископ. Темен трап. Садниците се закопуваат во трап и се поливаат.

трап 2 | м.

Бродски или гимнастички скали од јаже.

трап 3 | м.

Долна конструкција на моторно возило; шасија.

трапез | м.

(мат.) Четириаголник со две нееднакви паралелни страни.

трапезоид | м.

Четириаголник што нема ниту паралелни ниту еднакви страни.

трапезоиден | прид.

Што се однесува на трапезоид, што е во форма на трапезоид.

трапер | м.

Северноамерикански ловец на дивеч со скапоцено крзно.

траперки | и.

Вид панталони од грубо платно, фармерки.

трапист | м.

Во католицизмот – припадник на строг калуѓерски ред, познат по постојаното молчење.