траперки | и.

Вид панталони од грубо платно, фармерки.

трапист | м.

Во католицизмот – припадник на строг калуѓерски ред, познат по постојаното молчење.

трапка | несв.

Оди со потскок, потскокнува. Децата трапкаа боси. Девојчето трапкаше по калдрмата.

трас! | изв.

За подражавање на звук од траскот. Трас! Се скрши чашата.

траса | ж.

Обележен, означен правец на проектиран пат, железничка пруга и сл. Должината на трасата е утврдена.

трасира | св. и несв.

Направи, прави траса, означи, означува, обележи, обележува траса. Тој трасираше патишта во примитивните предели.

траска | несв.

траскалче | ср.

Вид детска играчка, ѕвечалка.

траскоти | несв.