трат | м.
Вид габа што е прикрепена за стеблото на дрво или на паднато стебло, со одрвенето тело во форма на копито; исушена служи за палење; Fomes fomentarius. Парче трат. Сушен трат. Со кремен го потпали тратот.
трати | св.
Тресне, удри силно од или во нешто. Тој го трати со јуначка сила.
траума | ж.
(мед.) Телесна повреда, рана од удар и сл.
трауматизам | м.
Општо растројство на организмот како последица на трауми.
трауматичен | прид.
Што е исполнет со траума, што предизвикува траума. Трауматичен настан. Морничави, трауматични слики.
трауматолог | м.
Специјалист по трауматологија.
трауматологија | ж.
Наука за лекување на трауми, телесни повреди и душевни потреси.
трауматски | прид.
траур | м.
Црнина што се носи како обележје, знак на жалост. Старици во траур.
траурен | прид.
Што се однесува на траур. Траурен симбол. Траурна облека. Траурни шапки.