тактира | несв.

Одмерува такт, ритам при изведба на некоја мелодија, при танцување и др.

тактичар | м.

Тој што умее да изгради и да спроведе определена тактика, што умее да определи тактика на определено дејствие. Тој е одличен стратег и воен тактичар.

тактичен | прид.

Што има чувство за такт, што има чувство за мерка во однесувањето и држењето. Иако беше тактичен, тој не можеше да ги прифати сите негови испади.

тактички | прид.

Што се однесува на тактика. Тактички маневар. Тактичка грешка. Тактичка единица.

такуѓере | прил.

Исто така. Тој такуѓере се потсмеваше со неа.

тала | несв.

таламбас | м.

Вид мал тапан, метална полутопка со оптегната кожа преку отворот. Се слушаше свирење на труби и удирање во таламбаси.

талан | м.

Стара грчка мера за тежина. Тежи талан злато.