таласам | м.

Зол ноќен дух; привидение.

талент | м.

Вродена способност за нешто, творечка дарба, надареност. Музички талент. Раскажувачки талент.

талентиран | прид.

Што има талент, надарен. Талентиран сликар. Талентиран писател.

талер | м.

Плитка, обично дрвена, чинија.

талим | м.

Воена обука, воена вежба.

Талин | м.

Главен град на Естонија.

талир | м.

Стара сребрена пара во некои европски земји.

талисман | м.

Мал предмет со магиска сила за кој се верува дека носи среќа, успех; амајлија.