трафика | ж.
Мала продавница во која се продаваат весници, цигари и друга ситна трговска стока; бутка, киоск.
трафикант | м.
Тој што работи во трафика.
трафостаница | ж.
Утврдено место каде што е сместен трансформатор, обично на електрична струја од висок напон.
трахеален | прид.
Што се однесува на трахеја. Трахеален шум.
трахеја | ж.
Душник кај човекот и кај 'рбетниците што дишат на бели дробови.
трахома | ж.
Заразна болест на очите, воспаление на внатрешниот дел на очните капаци.
трач | м.
Озборување, клеветење, дрдорење. Тоа е само трач. Женски трачови.
трајна | ж.
Вид женска фризура, ондулација. Направи трајна за роденденот.
траќа се | несв.
Се врти во постела, се превртува, немирно спие. Одвреме-навреме се траќаше во постелата. Детето се траќа од температура. Цели ноќи се траќам и се превртувам.
трбув | м.