трбуши | несв.
Чисти риба со распорување на стомакот. Ги трбуши рибите.
трбушка | ж.
Голем мев. Наеднаш сети силна болка под трбушката.
трга | несв.
Почнува да оди, да се движи; заминува, некаде поаѓа. Кога тргате за Дојран? Првиот автобус трга рано наутро. За еден час тргаме од дома. Изутрина ќе сме тргале во напад.
тргне | св.
Почне да оди, да се движи; замине некаде, појде. Колоната тргна. Тие тргнале пеш. Дрварите тргнаа накај планината. Возот ќе тргне со задоцнување.
трговец | м.
Тој што се занимава со трговија. Добар трговец. Трговец на мало. Трговци со кожи.
трговија | ж.
Стопанска дејност што се занимава со купопродажба или промет на стока меѓу луѓе и држави. Трговија со тутун. Внатрешна трговија. Надворешна трговија.
трговиште | ср.
Место каде што се тргува, пазар, пазариште, трговски центар. Мало трговиште.
трговски | прид.
Што се однесува на трговец и трговија, што е наменет за трговец и трговија. Трговски договор. Трговски однос. Трговска зделка. Трговско претставништво. Трговски центри.
тргува | несв.
Се занимава со трговија. Неговиот другар тргуваше со овошје и зеленчук. Тој вешто тргува. Некои луѓе во градот тргуваат со сè и сешто.
трдулав | прид.
За лубеница, диња, тиква и сл. – што нема правилна форма. Трдулава репка.