таламбас | м.

Вид мал тапан, метална полутопка со оптегната кожа преку отворот. Се слушаше свирење на труби и удирање во таламбаси.

талан | м.

Стара грчка мера за тежина. Тежи талан злато.

таласам | м.

Зол ноќен дух; привидение.

талент | м.

Вродена способност за нешто, творечка дарба, надареност. Музички талент. Раскажувачки талент.

талентиран | прид.

Што има талент, надарен. Талентиран сликар. Талентиран писател.

талер | м.

Плитка, обично дрвена, чинија.

талим | м.

Воена обука, воена вежба.

Талин | м.

Главен град на Естонија.